Денес се слави Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона

t

Кога Диоклецијан објави гонење на христијанинте, никомидискиот епископ Теопемт беше првиот кој пострада за Христа. Го изведоа пред царот и царот му се закани со смртна казна ако не се одрече од Христа. На оваа закана храбриот епископ одговори:

„Напишано е: не бојте се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Ти цару, имаш власт над моето тело, прави со него што сакаш“. Многу го биеја, го мачеа со глад и го измачуваа на разни начини. Најпосле, царот повика еден магионичар, Теона, да му напакости на Божјиот човек со некои магии.

Теона раствори во вода најјак отров и му го даде на Теопемт да го испие. Овој ја прекрсти чашата и го испи отровот. Кога Теона виде дека неговиот отров воопшто не му наштети на Теопемта, се заврте кон царот и возвикна: „И јас сум христијанин и Му се поклонувам на Распнатиот“. Обајцата ги осудија на смрт. Теопемт го убија со меч, а Теона жив во земја го закопаа, во 298 година. Чесно пострадаа и станаа граѓани на Царството Христово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него:…

МПЦ апелира за достоинствено и христијанско однесување…

Поворката со посмртните останки на загинатите од…

Календар на МПЦ: Денеска се празнуваат овие…

Свети великомаченик Георгиј На овој ден се…

Календар на МПЦ: Утре се празнуваат овие…

Според календарот на МПЦ, утре се празнуваат:…

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…