Денков по поплавите во Бугарија: Никој да не влегува во морето следните 48 часа, водата од водоводите не е за пиење

t

Никој не смее да влезе во море во следните 48 часа, морето е немирно и опасно! Ова предупредување до бугарските граѓани го упати бугарскиот премиер Николај Денков, кој лично отиде на локацијата во Царево.

Водата не е погодна за консумирање и луѓето не треба да ја пијат! Не се додека не се земат примероци и локалната водоводна компанија не се изјасни поинаку.

Премиерот увери дека луѓето на плажите и на камповите се безбедни. Од НИМХ велат дека очекуваат отсега да престанат значителните врнежи. Во следните часови водата ќе истече“, додаде Денков.

На лице место ќе пристигнат и волонтери за да ја понудат својата помош. Треба да поминат низ штабот во Царево за да се организираат, да дознаат кој каде ќе биде корисен и да не прават хаос“, посочи премиерот.

„Реагиравме во првата прилика. Обезбедени се храна и вода, да работиме сите заедно, па да споделиме кој што направил“, повика тој и додаде дека ситуацијата се смирува. Нивото на водата ќе се проверува утре наутро.

Државата ќе помогне по катастрофата. Обезбедени се два вида помош: за оштетување на згради – до 1.512 лева еднаш. А за електрични апарати и оштетен имот: до 2.500 лева.

Две жени и еден маж се водат за исчезнати, а загинатите се маж и жена, соопшти Денков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…

Драма на небото над Бугарија: Авион на…

Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…