Денков се закани? Македонија да го исполни договореното, ако балканските земји не ги следат европските принципи МОЖЕ ДА ИЗБИЕ ВОЈНА!
Запрашан како Бугарија може да ѝ помогне на Македонија за конечно да ги започне преговорите за влез во ЕУ, бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за австриски „Стандард“ изјавил дека неговата влада не дозволува дебатите меѓу општеството на двете земји и политичарите да ескалираат.
„Доколку граѓаните на Република Македонија сакаат да бидат Европејци, треба да го исполнат она што го договориле со Европската комисија“, посочил Денков, пренесува „БТА“.
Истакнал дека неколку сили се обидуваат да го прошират своето влијание на Балканот.
„Овде сме на раскрсницата меѓу Мала Азија и Русија и силите на Европа. Затоа мораме многу решително да се залагаме за нашите вредности“, рекол бугарскиот премиер.
Тој предупредил дека доколку земјите од Балканот не се придржуваат до европските принципи, владеењето на правото и меѓународното право како што ги дефинираат Обединетите нации, тогаш во регионот може повторно да избијат војни.
Тој нагласил дека ако една земја не ги следи правилата, тогаш „треба да биде изолирана од останатите“.
„Ова е случајот што го гледаме со Русија. Целосно е јасно дека Русија е агресор. Украина го брани својот народ“, рекол Денков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…