Деноноќно се бара решение со Косово: Вучиќ ќе ѝ се обрати на јавноста во недела
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во недела во 13 часот и 30 минути ќе им се обрати на граѓаните за актуелната ситуација, дијалогот, предлозите и однесувањето на Албин Курти, соопшти денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ. .
Претседателот на Србија, вели тој, не може да се помири со тоа дека немаме решение, дека имаме конфликти на Косово и Метохија и затоа вчера, и денеска цел ден работеше на изнаоѓање решение.
„Претседателот во недела ќе зборува за се, за дијалог, за предлози, за однесувањето на Курти, како и за нашата желба да ги зачуваме мирот и стабилноста, животите на нашите граѓани на Косово и Метохија“, рече Петковиќ, пренесува Танјуг.
Тој посочи дека и од Брисел, Вучиќ за недела во 11 часот во Палатата Србија закажал средба со политичките претставници од Република Косово.
Петковиќ додаде дека Вучиќ потоа ќе има телефонски разговор со претседателот на Азербејџан, со кого ќе разговара за набавка на струја под фер услови.
Потоа, како што рече, Вучиќ ќе и се обрати на нацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…