Објавено на:

Ден на жалост во Црна Гора поради смртта на војник при гаснење на пожарите

t

На територијата на Црна Гора се активни голем број пожари, од кои некои ги загрозија домовите и имотот на граѓаните. Најкритичните точки се помеѓу Буљарица и Чањ, Ѓурковиќ во Пипери над Роге, во Кучи и Кокоти, додека пожари беснеат и во Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље. Во Кучи се преврте цистерна за вода, еден припадник на црногорската армија загина, а друг е тешко повреден. Хеликоптер „Камов“ на српското Министерство за внатрешни работи од вчера учествува во гаснењето, а канадер пристигна и од Хрватска. Барање за помош во гаснењето на пожарот е испратено и преку механизмите на НАТО.

Црногорската влада на телефонска седница одлучи да го прогласи 14 август за Ден на жалост за смртта на војникот Дејан Божовиќ, кој загина во превртување на цистерна додека помагаше во гаснењето на пожар, дознава порталот РТЦГ.

Наредникот Дејан Божовиќ (42) од Даниловград беше убиен, а наредникот Марко Иковиќ (43) беше сериозно повреден при гаснење пожар во Кучи. Наредникот Божовиќ беше припадник на 1-виот пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Служеше во Армијата од 2006 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тридневна жалост во Црна Гора

Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост…

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…

Прогласена е петдневна жалост во Иран: Назначен…

Иранскиот лидер и духовен водач, ајатолахот Али…

Тридневна жалост во Македонска Каменица за Македонците…

Советот на општина Македонска Каменица вечерва прогласи…