Објавено на:

“Дерби на Македонија“: Вечерва спектакл на Арена, играат Вардар и Пелистер!

t

Вечерва спектакл на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Со почеток од 20 часот силите ќе ги одмерат Вардар и Пелистер. Ова е “македонското класико“, ова е “Дерби на Македонија“.

Покрај играчите долу на теренот, навивачки дуел ќе има и меѓу “Комити“ и “Чкембари“. По подолго време на Арената ќе има две бројни навивачки групи, а тоа е еден од предусловите да се проследи спектакл.

Без разлика што Пелистер во својата историја нема титула, а Вардар е рекордер со 11 трофеи и има супер традиција кога станува збор за овие пресметки, сепак не смее да се заборави дека Вардар цели седум години нема триумф над својот лут ривал. Последен пат победи, се играше на Арената, во ноември 2017 година кога беше 1:0.

Ова му дава, се разбира, дополнителна сила на гостинот кој е предводен од стратегот Влатко Костов, некогашен фудбалер на Вардар. На домашната клупа ќе се седи Горазд Михаилов кој не крие дека силно посакува победа, прва сезонава, инаку тој е екс тренер на Пелистер.

Значи ќе има и тренерска пресметка Михаилов – Костов.Сепак, најважно е што ќе се случува на теренот. Како тоа играчите на Вардар и Пелистер ќе одиграат, како ќе се снајдат во таквата атмосфера.

Кога се игра дерби не секогаш подобриот победува, туку оној кој ќе биде помудар, кој ќе влезе во мечот со студена глава што се вели. Ќе слават оние играчи кои емоциите ќе ги остават во соблекувалната.

Познато е дека кога играат Вардар и Пелистер `најжешко`е во фудбалот и ракометот. Викендов битолчани поведоа со 1:0 во победи ако се знае што се случуваше синоќа на ракометниот турнир во Струга, но вечерва Вардар е домаќин, вечерва Вардар и дефинитивно се враќа дома, на Арената, вечерва по сите нешта токму Вардар треба да се прашува.

Па така сите на Арената, дојдете ако сакате спектакл, ако сакате добар фудбал, ако саката да бидете во тренд.

Ова не се пропушта. Вечерва се игра “Дербито на Македонија“, вечерва играат Вардар и Пелистер.

Нека биде спектакл.

Извор: sportsport.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Дерби на Македонија“: Вечерва спектакл на Арена,…

Вечерва спектакл на Арената “Тодор Проески“ во…

ЛДП: Носеше ли Гаши патен налог со…

Либерално-демократската партија изразува загриженост од континуираното непристојно…

Мисајловски: Остануваме посветени во надградба и проширување…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваше…

Денеска се празнува Светиот маченик Евсигниј

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…

Секој шести ден Русија стрела балистички проектил…

Русија утрово изврши напад со балистички проектил…