Објавено на:

Десет случаи на мајмунски сипаници потврдени во Хрватска

t

Во Хрватска досега се потврдени десет случаи на мајмунски сипаници, станува збор за машки пациенти на возраст меѓу 30 и 50 годишна возраст, пренесува во неделата агенцијата Hina повикувајќи се на здравствените власти и додава дека се очекува следните седмици да пристигнат во земјата првите дози на вакцината против оваа вирусна болест.

Засега е познато дека двајца мажи се заразени во странство, а за другите сѐ уште се собираат податоците, рекла за агенцијата, Горанка Петровиќ, епидемиолог од Хрватскиот завод за јавно здравство (HZJZ).

Секоја држава членка на Европската унија ќе донесе свој план за вакцинација против мајмунските сипаници. Европската комисија презема заедничка набавка на вакцините, а неколку земји, како Германија и Шпанија, веќе ги примиле првите дози од вакцините против мајмунските сипаници, кои првпат во историјата првпат годинава се забележани во бројни земји во Европа. Поделбата на вакцините во ЕУ ќе се спроведува пропорционално според бројот на населението и според тоа во која мера одредена земја е погодена од епидемијата.

Мајмунските сипаници, коишто предизвикуваат симптоми на грипот и осип на кожата, главно се шират со близок контакт и при допир со телесни течности на заразено лице. Потврдени се повеќе од 14.000 случаи на зараза со мајмунски сипаници во 71 земја од светот, со пет смртни случаи во Африка во чиишто западни земји досега болеста беше ендемска и не се ширеше надвор од нив, а особено не на други континенти.

Европската агенција за лекови (ЕМА) во петокот објави дека ја одобрила вакцината за големите сипаници и за примена во превенција од мајмунските сипаници, а Светската здравствена организација (СЗО – WHO) би можела да издаде максимално предупредување. СЗО во саботата објави дека повеќе од 50 земји во светот ја прогласиле епидемијата на мајмунските сипаници „вонредна ситуација од меѓународно значење“.

„Иако прогласувам вонредна јавноздравствена ситуација од меѓународно значење, морам да истакнам дека моментално станува збор за епидемија која е проширена главно меѓу мажите кои имаат сексуални односи со мажи, особено за оние наклонети на поголем број сексуални партнери“, изјави челникот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тоа значи, додаде Тедрос, дека станува збор за епидемија којашто може да се запре со примена на „вистинска стратегија во одредни групи“. Американските здравствени власти соопштија во петокот дека биле потврдени првите случаи на зараза со мајмунски сипаници кај деца. Заразено е дете во сојузната држава Калифорнија и доенче коешто не е американски државјанин. Овие два случаи не се поврзани и веројатно се резултат на пренос на заразата во домаќинството, се наведува во соопштението на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDС).

Лекарката Џенифер Мекквистон, заменичка на шефот на одделот за патологија и патогени со тешки последици при CDC, изјави во текот на конференциско јавување дека не е изненадувачки тоа што појавиле педијатриски случаи на мајмунски сипаници, но дека „до денес нема докази дека овој вирус се проширил надвор од задниците на хомосексуалците, бисексуалците и другите мажи коишто имаа сексуални односи со мажи“.

Мекквистон рече и дека 99 отсто од 2.891 случаи на зараза со мајмунски сипаници потврдени во САД се однесуваат на мажи кои имаат сексуални односи со мажи, додавајќи дека се заразиле и неколку жени и трансродови мажи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данец со камера скриена во пенкало, снимал…

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…

Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера…

Масакар во старечки дом во Хрватска: Шест…

Крешимир Пахоки (51), пензиониран воен полицаец од…

Цела Црна Гора и БиХ, како и…

Земјите од регионот се уште се под…

Хрватска испраќа канадер со два екипажи во…

Министерството за одбрана на Република Хрватска испраќа…