Објавено на:

Детали за бегството на Башар ал Асад: Со приватен авион побегнал од Сирија, но не стигнал до Москва

t

Додека бунтовниците го опседнаа Дамаск, беше јасно дека на владеењето на Башар ал Асад му дојде крајот, а потоа Москва реши да интервенира и да го извлече својот долгогодишен соработник од Сирија на безбедно. Башар ал Асад, без да каже никому за своите планови, се качи на приватен авион на аеродромот во главниот град во раните утрински часови на 8 декември, анализира „Daily Mail“.

Авионот полетал во правец на Медитеранот пред да исчезне од радарот. Сомненијата се дека пилотите го исклучиле транспондерот кој постојано ги следи летовите и испраќа извештаи каде се наоѓа леталото. Авионот исчезнал набргу откако извршил полукруг и се упатил над градот Хомс, очигледно на пат кон руската воздушна база Хмејм, која се наоѓа во градот Латакија на североисток, пишува „Daily Mail“.

Се верува дека приватниот авион на сирискиот претседател потоа слетал во руската база, каде Асад бил префрлен во руски воен авион, кој потоа летал под радарот сè до Москва.
Најблиските членови на неговото семејство, неговата сопруга Асма и трите возрасни деца веќе го чекале во Русија, каде Владимир Путин им даде азил.

Неколку часа по бегството, бунтовниците го зазедоа Дамаск и изјавија дека „Сирија е ослободена од тиранот“.

Бегството на сирискиот претседател и неговото семејство доведе до ненадеен колапс на владеењето на династијата Асад, која владееше со земјата половина век. Само Башар ал Асад владееше 24 години. Во исто време заврши и крвавата 13-годишна граѓанска војна.

Бунтовниците упаднаа во палатите и приватните домови на Асад, а ограбувачите ги земаа нивните набрзина напуштени работи и ги изложија на светот елементите на раскошниот приватен живот на сирискиот претседател.

Низ целата куќа можеа да се најдат семејни фотографии, скапа облека, но и луксузни автомобили и многу повеќе, стои во написите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…