Објавено на:

Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го застрелало татко му во објект на бугарското МВР!

t

6-годишно дете го уби татко си во Пловдив, јави БНТ. Од МВР го потврдија инцидентот, прецизирајќи дека застреланиот е нивен вработен, пренесоа бугарските медиуми.

Детето го убил татко си со службениот пиштол на неговото работно место. Инцидентот се случил околу 17:00 часот.

Поведена е истражна постапка и дисциплинска постапка.

Министерот за внатрешни работи Калин Стојанов побара оставка од директорот на регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи.

Окружното обвинителство – Пловдив ја следи предистражната постапка за инцидентот во кој денеска беше застрелан вработен во МВР, соопшти државното обвинителство. Се вршат увиди, ќе бидат назначени вештачења и ќе бидат сослушани сведоци. На лице место е Вања Христева, окружен обвинител на Пловдив.

Полицаецот застрелан од неговиот 6-годишен син во Пловдив е Николај Филипов, информира националната телевизија. Тој има 49 години. Бил инструктор по стрелање во Специјализираните полициски сили во регионалниот град.

Инцидентот се случил во зградата на Специјализираните полициски сили при Регионалната дирекција на МВР во градот, пишува бугарски „Труд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…

6-годишно дете го уби татко си во…

Трагедија во Бугарија: 6-годишно дете по грешка…

6-годишно дете по грешка го уби својот…

Апсења во Гази Баба и Волково

На 10.08.2024 година во 21.40 часот во Скопје, на…

Над 330.000 ДЕНАРИ чинело патувањето на Тошковски…

Шетајте луѓе, ич „да не ви чуе“,…

ВЛЕН: Да имаше стабилна влада во Бугарија…

Портпаролот на коалцијата ВЛЕН, Фари Хисени вели…