Објавено на:

Детали за убиството во Батинци – го уби таткото затоа што ќерката не сакаше да се омажи за него

t

МВР информира дека вчера претпладне околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на с. Батинци, скопско, Џ.М. пукал кон А.М. (50) од с. Батинци.

А.М. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот им подлегнал на повредите.

Според пријавеното од страна на Е.М.(20), ќерка на А.М., тие околу 08.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, при што Џ.М., се обидел телефонски да контактира со неа, но таа одбила, затоа што во претходниот период Џ.М. и се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него.

Потоа, А.М. и Е.М. со возило се упатиле кон домот во с. Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за убиството во Батинци – го…

МВР информира дека вчера претпладне околу 10.15…

Бомби летале синоќа во Битола: Фрлена граната…

Доцна вчеравечер била фрлен експлозивна направа пред…

СДСМ: Џабе му се на Мицкоски лажните…

Социјалдемократие велат дека Мицкоски, по примерот на…

Уапсен Албанец во Кичево, нудел мито на…

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот…

Советот на Европа со осуда за нападот…

Претседател на Конгресот на локални и регионални…