Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без албански партнер, разликите во СДСМ надминати, Европскиот фронт води со 4.5% пред ВМРО-ДПМНЕ

t

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев, заедно со актуелниот Димитар Ковачевски и главниот коалициски партнер во владата предводена од СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети денес се надминати сите разлики помеѓу раководствата во пресрет на претстојните парламентарни и претседателски избори, дознава Инфомакс од високи извори во партиите.

Средбата била во организација на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, а во координација со шефот на кабинет на Али Ахмети и министер за политички систем Артан Груби.

На средбата која траела повеќе од четири часа разговарано е за повеќе аспекти на политичкото делување во претстојниот период, а како што дознаваме од Заев било побарано да го советува актуелното раководство на СДСМ.
Анализирани се и последните две истражувања на јавното мислење, според кои Европскиот фронт има предност од 4.5% пред коалициајата на ВМРО-ДПМНЕ, што пак е дополнителен проблем за партијата на Мицкоски поради Донтовиот модел на распределба на гласовите кој ја фаворизира поголемата партија, во случајов коалиција.

На ручекот е дискутирано и за причината за посета на Африм Гаши, Биљал Касами и Изет Меџити во САД, а според која Мицкоски дефинитивно останува без поддршка на ниту една политичка партија од албанскиот политички блок. Неофицијално, причината за посета на САД на т.н. албанска опозиција во земјава е во врска со најавената коалиција помеѓу нив и Мицкоски која по се изгледа дека станува невозможна мисија.

Но, она што можеби е најважно од оваа средба е надминувањето на разликите за кои се шпекулираше во јавноста, а кои постоеа помеѓу раководството на Заев и актуелниот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, а според високи извори во партиите биле „минорни“.

И додека СДСМ, ДУИ и поранешните структури во двете партии работат на внатрешна кохезија, Мицкоски останува изолиран без никаков коалициски потенцијал во очи на посетата на американскиот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс Обрајан.

Неофицијално во актовката на Обрајан се наоѓаат неколку документи популарно наречени нон-пејпери кои ќе го сведат коалициониот потенцијал на Мицкоски на апсолутна нула.

Интересно е што вчера генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ беше во посета на Косово каде се сретна со претставници на партијата на Курти „Самоопределување“ која се наметнува како главен фактор во коалицијата на опозициските албански партии во Македонија.

А.Митовски
М.Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…

Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…

ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…

По сериозните закани и насилни пораки упатени…