Детски настап со симболи од „голема Албанија“ на МРТВ2
Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше емитувана на Македонската радио-телевизија, на вториот канал, во рамки на детски фестивал, предизвикувајќи реакции во јавноста поради содржината во сооднос со визуелните елементи на настапот. Ова е емитувано вчера (28 март) околу 11 часот утрото.
Изведувач на песната е 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“, што дополнително ја засили дебатата околу пораките што се пренесуваат преку јавниот сервис.
Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.
Визуелниот дел со мапата на т.н. Голема Албанија, која опфаќа делови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора, предизвика особени реакции бидејќи ова е емитувано на државната телевизија на Македонија. Емитувањето на ваков настап на јавен сервис ја отвори дилемата за границата меѓу културен израз и политичка симболика, особено кога станува збор за програма во која учествуваат деца.
Извор: Скопје1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детски настап со симболи од „голема Албанија“…
Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше…
Странските посетители на Албанија потрошиле 5,7 милијарди…
Странските посетители на Албанија потрошиле 5,7 милијарди…
По 15 години МРТ ќе добие ново…
Распишан е конкурс за избор на директор…
(Видео) Молотови коктели и водни топови на…
Антивладин протест во Тирана прерасна во тензична…
Албанија го прогласи за спонзор на тероризмот
Албанскиот парламент денеска ја усвои нацрт-резолуцијата, предложена…