Дефиле во чест на денот на Италија
Во чест на денот на Италијанската Република – 2 јуни, Амбасадата на Италија, на плоштадот „Македонија“ организира дефиле и настап на трубадури и вејачи на знамиња од Кастиљон Фиорентино.
Дефилето ќе почне во 18 часот од семафорите на улица „Македонија“, во близина на Рекорд, до плоштадот „Македонија“, каде групата ќе го изведе својот настап пред јавноста. Потоа ќе продолжи кон Старата скопска чаршија. Групата повторно ќе настапи во вечерните часови, со почеток во 22 часот, од Камениот мост се до плоштадот „Македонија“, каде што поворката на вејачи на знамиња ќе ја има завршната изведба.
Историското друштво од Кастиљон Фиорентино заедно со нивните вејачи на знамиња, ја негува и претставува средновековната традиција која датира уште од 13 век, кога секаде низ Европа, а особено во Италија, важните настани, како завршеток на некоја битка или војна, биле прославувани со парада на војниците кои вееле знамиња.
Настапот започнува со дефиле на разнобојни знамиња кои парадираат високо во круг, а секое од нив го носи грбот на градот. Вежбите и акробациите може да се изведуваат индивидуално, и тогаш доаѓаат до израз вештината и хармонијата на движења на вејачот, или групно, истакнувајќи го на тој начин духот на целиот тим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…