Децата од градинката „Пролет“ во Карпош се дружеа со полициските специјалци
Денеска децата од детската градинка „Пролет“ од Карпош реализираа посета на базата на Единицата за брзо распоредување, во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.
Реализираната посета е согласно програмските определби на установата во рамки на кои е предвидено најмладите поблиску да се запознаат со дел од професиите, во случајот со професијата полициски службеник – припадник на Одделот за специјални полициски операции, велат надлежните.
– Во текот на посетата децата имаа можност во непосреден контакт со припадниците на ЕБР да слушнат за задачите на оваа единица, компетенциите кои се неопходни за да се биде дел од неа, но и образовните предизвици и физичката кондиција кои овие припадници мора да ги имаат и континуирано да ги одржуваат за да бидат секогаш подготвени за извршување на најтешките полициски задачи во интерес на безбедноста на граѓаните. Најмладите воедно се запознаа и со дел од опремата и специјалните возила кои ги користат припадниците на ЕБР во текот на извршувањето на своите задачи, појаснија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…