„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва
Британскиот весник „Дејли меил“ објави дека врз поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад бил извршен обид за атентат, и дека тој бил во болница.
Асад пред девет месеци доби политички азил во Русија откако беше соборен од власта во граѓанската војна во Сирија.
Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, повикувајќи се на „приватен извор“, тврди дека Асад во понеделникот бил отпуштен од болница во предградие на Москва.
„Дејли меил“ објави дека сирискиот Центар за мониторинг на човековите права соопшти дека состојбата на Асад сега е „стабилна“.
Исто така, тој додаде дека само братот Махер Асад имал дозвола да го посетува поранешниот претседател во болницата, пред се, поради високите безбедносни мерки.
Руската влада засега не ги коментираше тврдењата.
„Непотврдени извештаи претходно сугерираа дека Асад бил примен во болница во критична состојба откако бил отруен“, објави „Дејли меил“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење…
Британскиот весник „Дејли меил“ објави дека врз…
Тошковски: Граѓаните да пријават доколку некој побара…
Во рамки на денешните активности, министерот за…
(Видео) Силјановска буквално се загуби на самитот…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по двонеделната посета…
Mицкоски на граѓаните во Карбинци им порача…
Јас сум сигурен дека измитативе четири години…
(Видео) Силјановска тврдеше дека само што не…
На социјалните мрежи се појавија снимки од…