ДЗР: Германска болница го тужи Фондот за здравство, не ги платил фактурите од над 400.000 евра

t

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија за 2022 година.

Ревизијата континуирано известува за слабостите во контролните активности за вршењето на здравствените услуги во здравствените установи кои не се соодветно воспоставени или спроведени, поради што не е обезбедено целосно потврдување на фактурите за извршени здравствени услуги. Непостоењето на единствен интегриран систем за издавање упати, лекарски извештаи и пресметки за извршени здравствени услуги, кои се основа за изготвување на месечни фактури/извештаи создава ризик од пропусти и грешки.

Системските и мануелните контроли во процесот на препишување и издавање на лекови не се соодветно воспоставени и спроведени и постои ризик од плаќање на фактури за рецепти во вид и обем различен од реалниот. Иако од 2021 година се започнати активности за воспоставување на систем еРецепт кој треба да овозможи целосна контрола во процесот на издавањето на рецепти и лекови и фактурирањето кон Фондот, истиот до денот на ревизијата не е имплементиран.

„Во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица постојат слабости и неправилности, при што не е обезбедена соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство. Побарувањата за дадени аванси за лекување во странство нецелосно се евидентирани и не се воспоставени соодветни контроли за потврдување на фактурите од странските болници. Ваквата состојба резултирала со тужбени барања од странска болница, за кои постои неизвесност за крајниот исход.

За нецелосно платени фактури за лекување во странство германска болница има покренато 12 тужбени барања до Фондот во вкупен износ од 433.777 евра што во денарска противвредност изнесува 26.720 илјади денари. За дел од тужбените барања донесени се пресуди од германски суд со кои Фондот е задолжен за плаќање на трошоците за лекувањето на осигурениците за кои е поднесена тужбата. Заради одговор на пристигнатите тужби од странската болница, побаран е и добиен Наод и мислење од извршено вештачење и правно мислење од адвокатска канцеларија, започната е комуникација со болницата заради утврдување на причините за тужбите и доставени се повеќе информации до Владата, а во одговорот Фондот приговара на надлежноста на странскиот суд, со оглед на тоа што Фондот како тужен не е со седиште на земја членка на Европската Унија.

Покрај тоа покренати се и 340 тужби од вработени лица во Фондот, со кои се бара вкупна исплата на 15.326 илјади денари за ненавремена исплата на регрес за годишен одмор за 2019 година и разлика за 2020 и 2021 година. Во текот на 2022 година исплатен е регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година за сите вработени во Фондот, по што до денот на ревизијата повлечени се 164 тужби, во жалбена постапка се 137, а активни се 39 предмети, за кои постои неизвесност за крајниот исход“, се вели во деталниот извештај на Државниот завод за ревизија.

Целиот извештај погледнете го на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Божиновска најави ревизија на сите државни институции…

Предавање на сите ревизорски извештаи досега кои…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

ДЗР: Германска болница го тужи Фондот за…

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…