ДЗС го затвори прилепскиот театар – Има пропусти и опасност од настанување на пожар и експлозја во објектот!

Дирекцијата за заштита и спасување во текот на вчерашниот ден го затвори прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, дознава Инфомакс, поради констатирани неправилности и прекршувања во низа закони, кои пропусти претставуваат непосредна опасност од настанување на пожар и експлозја во објектот,отежната евакуација на лица присутни во објектот при појава на акцидентална ситуација и оневозможување на ефикасна интервенција на спасувачките тимови при настување на пожар и експлозија во објектот со што директно се загрозува животот на лицата присутни во објектот.
Од ДЗС за Инфомакс ја потврдија информацијата. Станува збор за вонреден инспекциски надзор по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица.
– Во текот на вчерашниот ден 24.03.2025 година од страна ДЗС – Сектор за генерален инспектор извршен е вондреден инспекциски надзор во објектот од областа на културата Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп со адреса на улица Борка Талески бр. 111 Прилеп.
При инспекцискиот надзор и утврдување на фактичката состојба во предметниот објект констатирани се поголем број на неправилности и недостатоци (15) кои што не се во согласност со одредбите од Законот за заштита и спасување,Законот за пожарникарството и подзаконските акти кои што произлегуваат од нив меѓу кои и одредбите од Правилникот за заштита од пожари експлозии и опасни материи за објекти од ваков карактер.
Утврдените неправилности и недостатоци при инспекцискиот надзор претставуваат непосредна опасност од настанување на пожар и експлозја во објектот,отежната евакуација на лица присутни во објектот при појава на акцидентална ситуација и оневозможување на ефикасна интервенција на спасувачките тимови при настување на пожар и експлозија во објектот со што директно се загрозува животот на лицата присутни во објектот,Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп како објект од јавен карактер од областа на културата за одржување на јавни масовни приредбии манифестации.
Од погоре наведените причини на ден 24.03.2025 година ДЗС согласно одредбите за Законот за заштита и спасување донесе Решение за забрана за користење на објектот Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп се до отстранување на констатираните недостатоци. – одговорија од ДЗС за Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апел за помош за малиот Војдан
Апел за помош за малиот Војдан, кој…
ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ СО ПРЕТСТАВАТА „СЕ…
Со претставата „Се викам Горан Стефановски“ во…
Невработените театарџии преку отворено писмо бараат транспарентност…
Иницијативата „Аудиција СЕГА!“, во која се вклучени…
Традиција: 79 години прилепски театар „Војдан Чернодрински“
Со претставата „Кир Јања“ од Јован Стерија…
Основан од АСНОМ: МНТ слави 77 години…
Најголемата театарска куќа во Македонија- Македонскиот народен…