ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за помош во БиХ
Согласно барањето за помош што Владата на Босна и Херцеговина вчера вечерта го упати преку Европскиот Механизам за цивилна заштита, директорот на ДЗС, Џеват Селами синоќа во 22.00 часот свикал итен координативен сосанок.
На состанокот се разгледало барањето за помош и се донело одлука Дирекцијата за заштита и спасување да ги упати следните тимови: Тим за пребарување и спасување од урнатини (17 припадници со опрема и 5 возила) и Тим за спасување од поплави со пумпи (16 припадници, 20 пумпи со вкупен капацитет од 6000л/минута и 6 возила).
Се очекува Владата на Република БиХ да донесе одлука за прифаќање на помошта.
ДЗС е во непрекинат контакт со надлежните институции за актуелната состојба, со спремност и подготвеност за праќање помош во загрозените подрачја во БиХ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец убиен во БиХ: Убиецот неофицијално се…
Во Босанска Крупа и Бихаќ доцна синоќа…
Утре е Ден на жалост во БиХ
Владата на округот Брчко на Босна и…
ДЗС ќе испрати луѓе и опрема за…
Согласно барањето за помош што Владата на…
Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15…
Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите…
Трагедија во Јабланица: Брачна двојка загуби осум…
Заменик-министерката за човекови права и бегалци на…