Објавено на:

Дибала: На Роналдо му реков дека го мразев кога бев млад!

t

Аргентинската ѕвезда на Рома, Пауло Дибала, екс-фудбалерот на Палермо и Јувентус откри за италијанските медиуми дека во еден момент од тригодишната соработка со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, му рекол дека како дете го мразел поради ривалството со сонародникот Лионел Меси.

Повеќе од деценија ипол траеше неверојатното ривалство на Меси и Роналдо, па нормално Аргентинците беа зад својата икона, така и Дибала, но Риналдо воопшто не се налутил на тоа што офанзивецот на Рома му го кажал, туку заедно се – изнасмеале.

„Јас со Кристијано минав три преубави години, имавме исклучително силен тим. Знаете дека има големо ривалство меѓу Меси и Роналдо, а јас како дете, како секој Аргентинец си ја држев страната на Лео. Така беше отсекогаш. Еднаш кога одевме на гостување, седнав на крајот во авионот, а Роналдо беше нешто пред мене. И потоа дојде кај мене, разговаравме за сѐ, за животот… И во еден момент му реков: ‘Како дете те – мразев!’ И се изнасмеавме на тоа. Остававме во многу добри односи“, рече Дибала.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…