Дизелот во Македонија скокна од 65 на 92 денари за два и пол месеци

t

За само два и пол месеци цената на дизелот во Македонија порасна од 65 на 92 денари за литар, што претставува скок од над 40 проценти.

За седумдесет дена цената на дизелот драматично се зголеми, а до каде ќе оди овој тренд во моментов никој не може да предвиди. Дел од причините се поврзуваат со случувањата во Ормускиот теснец, додека Владата засега не презема конкретни мерки.

Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, на 23 декември минатата година цената на дизелот изнесувала 64,50 денари за литар. На 30 декември се зголемила на 65 денари, а потоа повторно се вратила на 64,50 денари и останала на тоа ниво до 21 јануари.

Од тој период започнува наглото поскапување. Цената прво се зголеми на 66,50 и 67,50 денари, потоа неколку недели се задржа на 68 денари, по што следуваше нов раст – на 69 и 71 денар за литар.

Потоа следуваше најголемиот ценовен шок, кога дизелот скокна на 85,50 денари, а сега достигна и 92 денари за литар.

Сличен тренд има и кај бензините, но со помал интензитет. Таму зголемувањето изнесува околу 16,5 денари, односно околу 23 проценти.

На светските берзи цените на барелот се зголемени за 50 проценти во последниот месец, а од декември кога цената на барелот чинеше околу 55 долари, а во моментов барелот на светските берзи чини околу 103 долари по барел.

Од податоците се гледа јасен тренд на раст и „преврат“ на цените, при што дизелот сега значително ја надмина цената на бензините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дизелот во Македонија скокна од 65 на…

За само два и пол месеци цената…

Миле Цеков од ЗНАМ се согласува за…

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, со ставот…

Нетанјаху: Ликвидацијата на Лариџани е дел од…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека…

Маскирано лице му го запали „Ренџ ровер“…

Во Секторот за внатрешни работи – Скопје,…

Цените на нафтата повторно растат по иранските…

Цените на нафтата пораснаа за над 1%…