ДИКТАТОРСКИ однос во Советот на Град Скопје: Славевски ги зема сите ингеренции во свои раце, па му одзема збор на заменик-градоначалникот Трајановски!

t

Заменик-градоначалникот на Градот Скопје, Александар Трајановски, денеска од говорницата во Советот на Градот упати жестоки критики за претседавачот со Советот на Градот Скопје, Трајко Славевски, кој самоволно се обидува да симне од дневен ред важни точки, меѓу кои и набавката на автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие.

– Можевме да го слушнеме отворањето на седниците во кои се влезе во објаснување зошто некои точки треба да се тргнат од дневен ред, јас како советник и господинот покрај мене имаме исти права, јас ќе го повикам него, правните служби, секторот од Град Скопје, да се произнесат сите заедно, од него не барам бидејќи неговите толкуваа неколку седници се произволни и надвор од деловникот. Некој произволно да си заклучува дали некои точки ќе се најдат на дневен ред, не е негово право, некои точки има притисок да не се стават на дневен ред за да нема критики од јавноста доколку не се изгласат, една од нив е набавка на автобуси за ЈСП, ова толкување и џвакање на деловникот се крајно произволни и не останува друга инстанца отколку претставки до инспекторатот за локална самоуправа. Самоволието во отстранување на точки на дневен ред не може да се дозволи да биде во рацете на дневен ред, тој си земал во свои раце да ја дели финансиската поддршка за советниците, јас како човек кој сум 4 години пред него во Советот на Град Скопје, можам да кажам дека луѓе од неговата партија се труделе да направат непт за овој град, истакна Трајановски по што Славевски во диктаторски стил го прекина преносот од седницата за краток период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…