ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 година за избор на градоначалници во 29 општини и во Град Скопје.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека во овие општини изборниот процес е завршен и се потврдени конечните резултати, со што е избран и новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За три општини – Брвеница, Карпош и Шуто Оризари – се поднесени 16 приговори за текот на гласањето. Според Кондарко, тие ќе се разгледуваат денеска на јавна седница на Комисијата со почеток во 14 часот.
Дополнително, поднесени се и три приговори за изборот на членови на Советот на Општина Шуто Оризари, каде што на 2 ноември беше спроведено прегласување на три избирачки места. Поради тоа, како што соопшти ДИК, конечните резултати за Советот на оваа општина нема да бидат објавени сè додека не заврши постапката по приговорите и евентуалните тужби пред Управниот суд
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК ги објави конечните резултати од вториот…
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница…
Eве кои нови пратеници ќе ги заменат…
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница…
ДИК ги објави првичните официјални резултати од…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти…
ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина…
Државната изборна комисија денеска во рамки на…
До 11 часот гласале 10,1 отсто од…
Според најновите податоци на Државната изборна комисија,…