ДИК ги потврди повеќето кандидатски листи за пратеници

t

Неколку кандидатски листи, меѓу кои и на партијата Нова алтернатива, која неодамна ја презема актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, сè уште не се потврдени. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во оваа насока информира дека партијата прави корекции и дека нејзините листи сè уште не се комплетирани, но потенцира дека роковите за исправки кои партиите треба да ги завршат се во тек

Државната изборна комисија (ДИК) на седницата одржана попладнево ги потврди повеќето кандидатски листи за пратеници на политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на парламентарните избори на 8 мај.

Неколку кандидатски листи, меѓу кои и на партијата Нова алтернатива, која неодамна ја презема актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, сè уште не се потврдени. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во оваа насока информира дека партијата прави корекции и дека нејзините листи сè уште не се комплетирани, но потенцира дека роковите за исправки кои партиите треба да ги завршат се во тек.

„Неколку листи не можеа да бидат потврдени зашто не е завршена постапката заради одредени причини кои се однесуваат до политичките партии, а некои до државните органи кои треба да им доставуваат информации“,рече Даштевски.

На денешната седница на ДИК беа утврдени кандидатските листи на коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ, на коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), на коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, на Левица, на коалицијата „Храбро за Македонија“ на ГРОМ, Интегра и ПЦЕР и на партијата Македонска Ера Трета.

Сите од нив имаат поднесено листи на кандидати за пратеници во сите шест изборни единици. Дел од останатите партии кои ќе учествуваат на изборите, како Демократи, Аваја, Твоја партија, Родина Македонија, Единствена Македонија-Европско граѓанско движење, имаат поднесено кандидатски листи во дел од изборните единици.

Утре се очекува ДИК со ждрепка да ги утврди редните броеви на гласачкото ливче за парламентарните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес ќе се знае редоследот на листата…

Државната изборна комисија денеска се очекува да…

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…