ДИК го заклучи избирачкиот список за повторните избори на 11 јануари

t

Со заклучување на Избирачкиот список, Државната изборна комисија влезе во завршна фаза на подготовките за повторените избори за градоначалник во четири општини, кои ќе се одржат на 11 јануари 2026 година.

Право на глас ќе имаат вкупно над 128 илјади граѓани во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Дел од избирачите се евидентирани во посебните списоци за гласање од странство и за лица кои се наоѓаат во притвор или затвор.

Паралелно, ДИК усвои посебни правила за гласање во избирачки места со многу мал број гласачи, при што општинските изборни комисии ќе треба да обезбедат соодветна организација за непречено остварување на избирачкото право.

Од Комисијата информираат дека сите изборни активности се одвиваат согласно роковите и законската процедура, со цел изборите да се спроведат навремено и без пречки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК го заклучи избирачкиот список за повторните…

Со заклучување на Избирачкиот список, Државната изборна…

Локални избори 2025: ДИК ги прогласи изборите…

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 157-ма…

ДИК ги одби сите 16 приговори за…

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информира дека…

ДИК ги објави конечните резултати од вториот…

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница…

Eве кои нови пратеници ќе ги заменат…

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница…