ДИК денеска ќе спроведе ждрепка за бројот на кандидатите за локалните избори

t

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе спроведе жрепка за утврдување на единствената листа на кандидати за претстојните Локални избори 2025.

Изборната кампања официјално започнува на 29 септември и ќе трае до 17 октомври, односно 24 часа пред денот на гласање. Граѓаните ќе ги избираат градоначалниците и советите на општините, како и Советот на Град Скопје, на 19 октомври, додека вториот круг е закажан за 2 ноември.

На овие избори ќе учествуваат речиси сите политички партии, коалиции и независни кандидати. Според ДИК, до вчера биле потврдени 303 листи за градоначалници и 558 листи за членови на советите. Во повеќе општини, меѓу кои Куманово, Аеродром, Карпош и Град Скопје, дел од листите се сè уште во постапка за отстранување неправилности – осум за градоначалници и 20 за советнички листи.

Покрај жрепката за редоследот на кандидатите, ДИК ќе спроведе и жрепка за распределба на рекламни паноа и билборди. Според правилата, партиите и кандидатите ќе можат да користат најмногу 50 отсто од вкупниот број билборди на територијата на општините и Градот Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…

Собраниската Комисија за прашања на изборите и…

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…

Марија Јаничевска е предложена за директорка на…

Марија Јаничевска е предлог за директорка на…

Софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“ под лупа…

Денеска истекува крајниот рок до кога надлежните…