ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино

t

Државната изборна комисија (ДИК) денеска почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Досега ДИК од поднесените приговори од коалицијата „Влен“ еден прифати, а еден отфрли.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.

Прифатениот приговор се однесување на за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.

Најгласна на денешната седница беше потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху предложена од ДУИ, која на почетокот на седницата побара да бидат објавени записниците од гласањето на официјалната страница на Комисијата, но ваквото нејзино барање беше одбиено од членовите на Комисијата.

Таа ги повика и лицата кои работеле во архивата при поднесување на приговорите и бараше да кажат кој ги донел приговорите бидејќи, како што рече Шеху, овластениот претставник требало да го стори тоа. Останатите членови на ДИК и укажаа на Шеху дека е небитно кој ги донел овие приговори во архивата, бидејќи, како што посочија, сите биле потпишани од партијата.

-Барав да се стави точката на дневниот ред каде сите записници ии 16А и 16Б и за двата вида на парламентарни избори записниците се јавен документ кои граѓанит имаат право да ги гледаат зошто како што спомнав претходно може да се направат споредба да ја оценат и нашата работа како ДИК да ја ценат работата на ОИК, на избирачките одбори, да прават споредба на крај на краиштата и уредите за биометриска идентификација самите граѓани ги платија, ниту ДИК, ниту учесниците во избори. Да се стави на дневен ред. Ако не се гласа, ќе кажете дека членовите не сакат јавноста да ги гледа записниците иако е јавен документ, рече Шеху.

Членот на ДИК, Абдуш Демири рече дека откако по пребројување и увидот на целокупниот изборен материјал се утврдило дека има едно гласачко ливче повеќе побара да се повтори гласањето на ова избирачко место.

Шеху ги обвини претседателот на ДИК Александар Даштевски и другите членови дека им го ускратиле нејзиното право со тоа што беше одбиено нејзиното барање да се повикаат и да дојдат претставниците од оваа избирачко место.

Вториот приговор поднесен од „Влен“ кој беше одбиен, се однесуваше на избирачкото место 1953 во Тетово – шестата изборна единица. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 125 граѓани кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.

Даштевски истакна дека по направените проверки не биле утврдени никакви неправилности и предложи приговорот да се одбие како неоснован. Приговорот беше одбиен едногласно.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кога лавовите ќутат… „ВЛЕН“ не се откажува…

Имаме разбирање за ставот на нашите партнери…

Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…

Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…

ВЛЕН: Минчев, Димитриевски и ЗНАМ да не…

Коалицијата ВРЕДИ која е дел од владината…

ВЛЕН ќе ги избрка ЗНАМ? Димитриевски размислува…

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски е против…

ВЛЕН не се откажува од Албанска академија…

Лидерите на коалициониот партнер во власта Вреди,…