Димитриевски: Македонци се превртуваат во гроб – Со предлогот Mакедонија станува протекторат

t

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во однос на протоколот што деновиве излезе во јавноста, а кој треба да го реши македонско-бугарскиот спор потенцираше дека искрено се надева дека истиот не е точен, вистинит и не верува дека кој било би се осмелил да потпише таков документ кој претставува капитулација и ја трансформира Македонија во протекторат.

Но, доколку овој документ е идентичен на предложениот протокол кој свесно се крие од јавноста тогаш само ќе се повторам. Карпош, Крсте Црвенковски, Апостолски, Ченто, Мојсов, Кљусев, Глигоров, Трајковски па се до Делчев, Карев, Сандански, Груев и многу други докажани Македонци се превртуваат во гроб. Гоце бил целосно прав во неговата теза: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот“, напиша Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…