Димитриевски: Сакам да ја завршам кариерата во Рајо, не размислувам за друг клуб!

t

Македонскиот голман, Столе Димитриевски верува дека ќе успее да се договори со Рајо Ваљекано за продолжување на соработката.

Актуелниот договор на Димитриевски со Рајо Ваљекано истекува по крајот на оваа сезона. Поради тоа, неговото име често се поврзува со други клубови, но тој вели дека сака да остане.

„Мојата идеја отсекогаш била да продолжам во клубот уште многу години и да ја завршам кариерата тука. Ние разговараме и разговараме се додека не постигнеме договор да продолжам во Рајо. 90 проценти се дека ќе продолжам во Рајо, но треба да го прашаме и претседателот за процентите бидејќи има две страни“, вели Столе Димитриевски.

„Треба само да се договориме. Немам понуди од други клубови и мојот приоритет секогаш бил Рајо. Секогаш има многу гласини и можам да кажам дека не сум потпишал ништо со друг тим“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мјаука и Тошковски – МВР: Нема кривична…

Нема кривична одговорност кај Гаши за тоа…

Пезешкијан до Макрон: Иран го задржува правото…

Техеран го задржува правото да одговори на…

„Вашингтон пост“: Иран може да ја преиспита…

Претставници на Белата куќа веруваат дека интензивните…

Украинската армија ја зазеде единствената станица во…

Украинската армија, која влезе во регионот Курск,…

Во Косово потврден првиот случај на заразен…

Националниот институт за јавно здравје на Косово…