Димитриеска Кочоска – Варга: Поддршка од Унгарија за економски напредок и европската иднина, ќе се користи искуството во реализација на реформите

t

Унгарија е наш силен европски партнер во нашите напори за остварување макроекономска стабилност, во реализација на внатрешни реформи, како и силен поддржувач на нашата евроатланска интеграција. Билатералниот заем од 500 милиони евра со поволни услови се чекор во унапредување на соработката.. Ова беше заклучено на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со својот колега од Унгарија Михаил Варга, кој е дел од делегацијата што ја предводи унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид.

„Македонија е исправена пред многу предизвици. Новата Влада од преземање на власта се справуваше со многу отворени прашања. Целта е да ја стабилизираме макроекономската состојба и цврсто да зачекориме кон остарување поголем економски напредок“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Taa додаде дека веќе се подготвува буџетот за 2025 година, со тоа се дефинираат и политиките коишто ќе се реализираат во наредниот период. Ќе се посвети внимание на борбата со сивата економија, од која се очекуваат значајни резултати врз стабилноста на приходите и подигнување на конкурентноста на економијата. Во таа насока значајно место има воведувањето на е-фактура.

На средбата соговорниците разменија мислење за даночните политики, глобалниот данок, поддршката на земјоделскиот сектор, како значаен сегмент и исплатата на субвенциите, како и справувањето со инфлацијата. При тоа министерката посочи дека ќе се креираат решенија коишто создадат поволна бизнис услови.

Истакнувајќи дека целта е да постигнеме економски напредок на државата, како и повисок стандард за граѓаните, рече дека Унгарија е силен партнер во остварување на оваа наша цел и значајно ќе биде споделување на нивното искуство во спроведување на претстојните реформи. При тоа Димитриеска-Кочоска се заблагодари за подадената рака на Унгарија со обезбедените половина милијарда евра заем по поволни услов.

„Имаме многу отворени можности за унапредување на меѓусебната, особено економска соработка. Билатераниот заем е огромна поддршка на нашиот пат за реализација на реформи и стабилизирање на нашата макроекономска состојба. Тој е само вовед во една поширока економска соработка што ќе се развие меѓу двете земји“, рече министерката.

На средбата е потврдена заложбата за продолжување на реформската агенда на земјата кон целосно пристапување во ЕУ и дека на тој пат Унгарија, која во моментов претседава со Унијата, дава безусловна поддршка за Македонија, како и за целиот Западен Балкан.

Министерката потенцира дека реформите се клучот за придвижување кон ЕУ и дека тие реформи ќе бидат високо на агендата за добробит на граѓаните и државата.

На средбата станало збор за наредните активности околу реализација на средстсвата обезбедени со заемот од Експорт-импорт банката од Унгарија. Повторено е дека тие средстсва ќе бидат искористени за поддршка на општините и локален економски раст, како и за поддршка на компаниите. Се очекува да се преземат активности за продолжување на таквата соработка. Договорот за заемот, како што беше посочено, на средбата се очекува да се потпише во првата половина од октомври.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средбата беше придружена од државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска и шефот на Кабинетот Катерина Антовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политиката на санкции на ЕУ против Русија…

Унгарија верува дека политиката на санкции на…

Димитриеска Кочоска – Варга: Поддршка од Унгарија…

Унгарија е наш силен европски партнер во…

Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно…

Изградба на брза пруга на Коридор 10…

Орбан: Тука сме да помогнеме во решавање…

Морам многу да внимавам да изговарам Cеверна…

Одржана меѓувладина седница со Унгарија

Денеска одржавме заедничка Меѓувладина седница помеѓу Владата…