Димитриеска-Кочоска: Инвестициите носат економски раст и повисок животен стандард, не може да се потпреме само на пораст на платите

t

Поддршка на реализација на реални инвестиции е основната на која се заснова концептот на новата Влада за повисок економски раст и повисок животен стандард, кој е пресликан и во буџетот за 2025 година, a којшто е во фаза на подготовка, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денска на првата трибина од Платформата 100 % за тебе.

Квалитетен и подобар животен стандард не подразбира само пораст на платите, туку подобрување во сите сегменти, односно тоа значи и подобра економија, подобро здравство, инфраструктура – рече министерката.

Таа додаде дека во изминатите години видовме концепт којшто се темелеше на потрошувачка, за кој се потрошија стотици милини евра, а немаше ефект. Според министерката се зависи од концептот и дека е најважно работите да се гледаат суштински и реално.

Без реални инвестиции нема раст. Кога го менуваме концептот размислуваме што може да даде побрзи резултати и врз основа на анализите одлучивме да дадеме поддршка на општините, затоа што тие имаа готови проекти коишто ќе дадат побрзо ефекти. Тоа се реални инвестиции и тие ќе дадат резултат и врз растот на БДП, на што исто така влијание ќе имаат и инвестициите во приватниот сектор за што се предвидени 250 милиони евра од унгарскиот заем – рече министерката и додаде дека ваквиот модел значи повисок животен стандард.

На трибината се осврна и на состојбата на буџетот при што посочи дека јавните финансии се стабилни, но дека се уште го оптеретуваат буџетот извршни решенија и камати.

На трибината покрај министерската за финансии, учествуваа министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, в.д. директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули и раководителката на секторот за реформи во јавната администрација при Министерството за јавна администрација Есма Адиловиќ Фазлиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите носат економски раст и повисок…

Поддршка на реализација на реални инвестиции е…

Дете каснато од бездомно куче во Драчево,…

Двајца скопјани и дете вчера биле нападнати…

Инцидент во Гази Баба: 67-годишник бил нападнат…

Маж од кумановско бил нападнат во скопска…

Европа треба да се подготви за постудена…

Европскиот континент по две години би можел…

Селекторот на Бразил го „издаде“ Нејмар кога…

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Доривал Жуниор,…