Димитров: Македонија е генетски поврзана со Русија и Србија
Проблемот со европската интеграција на Македонија не е централен за бугарскиот политички државен поредок. Формално, секоја влада носи одлуки во надворешната политика, изјави Ангел Димитров, копретседател на Заедничката бугарско-македонска комисија за историски и образовни прашања и поранешен амбасадор во Скопје, за Бугарското национално радио, пренесе БГНЕС.
Затоа тој смета дека нема потреба да се свикува Консулстативниот совет за национална безбедност на оваа тема, бидејќи, како што вели „топката не треба постојано да се префрла од една во друга институција“.
Според него, Македонија го прифаќа билатералниот Договор за пријателство и добрососедство како формален чин, како билет за ЕУ, а не како цврста политичка определба.
„Не треба да живееме со идејата за мимикрија на активност, за лажни сигнали дека нешто се случува кога нема резултати“,додаде тој.
Димитров ги коментира и постапките на премиерот Кирил Петков, нарекувајќи ги избрзани.
„Зад избрзаните постапки со еуфоричното убедување дека може да се одврзе комплексен јазол, очигледно стојат акции кои остануваат јавно непознати, а тоа создава тензија кај бугарското општество“,вели Димитров.
Тој ја отрфла како несериозна и непријатна тезата дека има заедничко меѓу позицијата на Бугарија и руските интереси.
„РМ има држава која е генетски поврзана со Србија и Русија. И не може или не сака да им сврти грб. Затоа, навестувањата за бугарска позиција во служба на Русија или Србија се апсурдни. Бугарија силно ја поддржа евроатлантската интеграција на РМ за да и помогне да излезе од старата југословенска комунистичка орбита. Треба да се биде внимателен со вакви евтини политички мантри кои ја дискредитираат нашата земја“, додаде Димитров за БНР, пренесе БГНЕС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…
Путин: Русија се залага за рамномерен развој…
Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…