Димитров: Поради ставовите за преговорите со Бугарија во два наврати бев принyден да се зakaнам со оcтавка
Поранешниот вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, при гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ, зборувајќи за битките што ги водел во Владата при градењето на ставовите во преговорите со Бугарија, изјави дека во два наврати се заканил и со оставка.
На прашањето дали кога вели дека водел тешка битка внатре мисли и на битка со премиерот Зоран Заев или само со шефот на дипломатијата Бујар Османи за кого кажа дека во него нема доверба, Димитров не даде конкретен одговор.
Јас би требало да се обидам да избегнам ова да стане дебата на ниво јас вака кажав, он така кажа. На најкрупно, мислам дека јавноста треба да знае, тоа веќе го споменав до некаде, во битката внатре за градењето на заеднички македонски позиции во два наврати бев принуден и да се заканам со оставка дека ’ако одиме вон оваа линија, тоа ќе мора да го правите без мене, а јас ќе излезам надвор и ќе бидам гласен – изјави Димитров.
Тоа, според неговите тврдења, го кажал и на премиерот Заев и во присуство на министерот Османи.
Димитров вели дека во една таква ситуација кажал и дека ако сакаат, неговото место во идната влада да го понудат и на Алтернатива.
Последниот пат, бидејќи беа актуелни преговорите со Алтернатива околу идната влада, реков: „Еве и ќе олеснам, ако одите вака, моето вицепремиерско место може да го понудите на политичката партија Алтернатива“. Дали не е мојата секирација легитимна, кога јас не сум внатре и кога не знам баш дали ќе има некој што ќе каже: „вон овие позиции без мене, јас ќе дадам оставка“? Јас тоа гајле морав да го споделам со јавноста – изјави Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…