Димитров “удри” по Вархеји: Тој е пробугарски настроен, тој е причина за неуспех на преговорите

t

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров вечерва во Тема на денот на Сител истакна дека е невообичаено тоа што еврокомесарот Вархеји не дал изјава за јавноста и медиумите.

Важно е официјалните лица што доаѓаат од ЕУ да имаат контакти со јавноста, не само со политичарите. Еврокомесарот по дефиниција ни е најдобар пријател и било каков исчекор треба да е заеднички, но со него немав баш такво искуство, затоа што солираше и поставуваше свои предлози наклонети кон бугарската страна. Реагирав на таквиот однос во повеќе наврати како поединец. Важно е јавноста да знае дека немавме голема помош од неговите напори. Некои дипломати од западните земји-членки на ЕУ мислат дека ќе го решевме ова да не беа паралелните предлози на Вархеји, вели Димитров.

Според Димитров, сме немале сојузник во овој еврокомесар.

Ги поздравувам неговите изјави дека е разочаран, но дел од неговите активности се причина зошто немаме успех, вели Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…

Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…

Од министрите и замениците министри кои не…

Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…

Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…