Димовски: Живо сум заинтересиран како ќе се менува историската вистина – Бугарија треба да објави до среда!
Илија Димовски преку објава на социјалната мрежа Фејсбук вели дека крајниот рок до кога Бугарија треба да објави што е договорено со Заедничката мултидициплинарна експертска комисија е до среда, односно до 17 август.
Ја пренесуваме неговата објава во целост:
-До 17 август Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања (историска комисија) со Бугарија има обврска да објави што договорила со Бугарија.
Во целиот Протокол има рокови (иако велеа дека нема).
Со потпишувањето на Протоколот врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Република Македонија превзема пред Бугарија (а за жал и пред Европската Унија) низа од обврски кои се неразумни и се надвор од досегашната пракса на зачленување на членки во ЕУ, но и излегуваат надвор од договорот во поглед на содржина, цели, рокови и материја. Живо сум заинтересирам како со политички назначена комисија ќе ни се адаптира, подесува и менува историската вистина која сме ја учеле со генерации наназад. Но и, како ставот на политички назначената комисија ќе биде обид за рушење на илјадниците томови стручни изданија, симпозиуми и книги кои нашата и светската наука ги твореше во минатите повеќе од 7 декади, пишува Димовски во објавата.
ЛИНК од објавата на Фејсбук
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…