Директорката на Онкологија: Во агонија сме, сите ресурси се ограничени, само бројот на пациенти е неограничен!

t

Директорката на Клиниката за онкологија доктор Виолета Клисаровска на Анкетната комисија за скандалот Онкологија пред пратениците рече дека најсериозниот проблем на Клиниката е што сите ресурси во болницата се ограничени, а бројот на пациенти со рак е неограничен и само расте.

Таа повика Јавното Обвинителство што побрзо да ја заврши истрагата и ако констатира вина да ги именува виновниците за да, како што рече, се отфрли колективната вина надвисната над целата клиника.

Целата непријатна ситуација силно се одразува на секојдневното работење на клиниката. Има недоверба, паника во целата јавност, најизразено помеѓу пациентите на нашата клиника. Па сега како да не им е доволна маката на пациентите со тежината болеста, па им се отвора и несигурност како ќе бидат третирани. Апелирам до истражните органи побрзо да се заврши постапката и да се именуваат виновниците. Многу е важно да се отфрли колективната вина надвисната над целата Клиника, посочи директорката.

Доктор Клисаровска рече дека клиниката е доведена во ситуација на агонија поради ограничениот буџет а големиот број на пациенти.

Буџетот е далеку помал од реалната потреба на клиниката за лекови, рече Клисаровска.

Таа објаснуваше како се креира реалната потреба на лекови, дека тоа се прави заеднички со сите 12 оддели за различни видови карцином на клиниката, како и дека за секој пациент што добива биолошка терапија се реферира на стручен конзилиум. Но, пратеничката Рашела Мизрахи ѝ укажа дека работите на стручниот конзилиум излегуваат од контрола.

-Гледам од документите што сте ми ги испратиле, дека се препишува биолошка терапија на неодобрени индикации, без вкупен број на потписи од конзилиумот, се издаваат таблети а во листата стои дека терапијата е во форма на инфузија. Сепак, работите ви излегуваат од контрола и така ви се агрегира дополнителна реална потреба на лекови на вашата клиника, рече Мизрахи и ги прочита имињата на сите лекари што требале тоа да го контролираат а не го правеле тоа.

Директорката доктор Клисаровска одговори дека подетално ќе се информира за тоа.

Според Клисаровска, долгот е поради набавката на скапата биолошка терапија и во моментот е 459 милиони денари. Се внимава месечните нарачки да се во рамките на одобрениот месечен буџет.

Сите ресурси се ограничени, само е неограничен бројот на пациенти кој за жал се повеќе расте од ден на ден. Клиниката има квантитет на пациенти, заради кој понекогаш сме доведени во ситуација да го нарушиме основното право на пациентите за навремено пружање на здравствена грижа, алармираше доктор Клисаровска и додаде дека мора државата да ги дисперзира онколошките услуги и во Битола, Тетово, Штип и во ГОБ „8 Септември“.

Таа апелираше да се работи на превенцијата на ракот во државата, зашто бројките на пациенти вртоглаво расте и тоа се јавуваат на лекување во метастатска фаза.

Додаде дека веднаш кога стапила на позицијата директор, ги ажурирала клиничките упатства кои не биле ажурирани од 2015 година, го вовела стручниот колегиум и утринските состаноци кои дотогаш ги немало.

Мизрахи ја праша Клисаровска дали Клиниката за онкологија задоволува реална потреба на пациентите или реална потреба на веледрогериите.

-За мојот период, се трудам да се задоволува реалната потреба на пациенти. За претходниот период не можам да кажам. Можам да кажам како се планира реалната потреба. Се бара од 12 раководители на медицинските оддели, да ги наведат лековите што им се потребни и бројот на пациенти. Освен назнаката на лекот, треба да го наведат бројот на пациенти, индикацијата со која сметаат дека тој лек треба да оди кај тој пациент. Планираме на годишно ниво. Од секој од раководителите е потребно да се најзначи дозирањето на лекот. Кога сите одддели ќе ги поднесат овие извештаи до мене, се прави вкупната реална потреба сумарно. Веледрогериите воопшто не ме интересираат и немаат удел во овој дел. Откако ќе се срочи реалната потреба од секој лек поединечно, со таквата табела се преговара за новиот буџет што ќе се случи на средина на ноември треба да сме припремени и да настапиме со нашата реална потреба, рече доктор Клисаровска.

На оваа реална потреба, се додава сума за 20 проценти повисока, за непредвидливи ситуации и се преговара за буџетот со Фондот.

-Ако ви се одобри буџет кој е помал од тоа што математички сте го пресметале тука е проблемот и се провлекува со години наназад. Тогаш треба да ја скроите табелата според лимитираните финансиски средства.  Тоа кратење свесно не става во ситуација да скратиме нешто што знаеме дека не треба. Тоа како бумеранг ни се враќа за некој месец како недостаток, изјави Клисаровска пред пратениците..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…

СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…

После 20 годии шепотење и непреземање ништо…

Нино Васев ја бранeше набавката на лекови…

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…