Директорот Дранго, кој се сликаше со застрелана мечка, веќе не е директор на „Македонија пат“
По два месеца откако на социјалните мрежи објави фотографија со застрелана мечка, заменик-директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго е разрешен од функцијата, а на негово место е назначен Александар Шуковски.
-Денес е мојот прв работен ден на позицијата, в.д. заменик-генерален директор на јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат). Голема благодарност до претседателот на Владата, г-дин проф д-р Христијан Мицкоски, членовите на Владата и членовите на Управниот одбор на институцијата за дадената доверба. Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена – напиша Шуковски на својот фејсбук-профил.
Од Владата нема официјална информација за Дранго, иако премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе биде разрешен ако се обезбедат докази дека тој ја застрелал мечката.
-Во предметот сè уште се преземаат дејствија, но во оваа фаза надлежното обвинителство не е во можност да сподели повеќе детали – велат оттаму за „Слободен печат“.
Дранго лани во декември објави на социјалните мрежи објави фотографија со застрелана мечка иако ова диво животно е под заштита и нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането за што е предвидена и затворска казна. По реакциите на здруженијата за заштита на животните Дранго изјави дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа, па тој заедно со вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…