Објавено на:

Директорот на ЦИА: Не се знае дали Путин блефира за нуклеарното оружје

t

Директорот на ЦИА Вилијамс Барнс изјави дека руската војска има повеќе проблеми отколку обезбедување доволно луѓе, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди мобилизација на 300 000 резервисти минатата недела.

Одлуката на Путин, која предизвика протести и обиди за бегство од земјата, доаѓа откако Украина ослободи некои области под руска контрола.

„Дури и да успее да мобилизира 300 000 војници, тој всушност ги фрла луѓето кон фронтот. Многу од нив нема да бидат добро обучени, многу од нив нема да ја имаат потребната опрема и логистичка поддршка. Армијата има многу други проблеми, обезбедување доволно луѓе е само еден од нив“, изјави Барнс за Си-Би-Ес.

Се чини дека воената мобилизација на Путин беше потврда дека војната во Украина не оди според планот. При објавувањето на потегот, Путин навести и можност за нуклеарна војна.

„Кога територијалниот интегритет на нашата земја е загрозен, за да ја заштитиме Русија и нашиот народ, ние дефинитивно ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање. Тоа не е блеф“, рече Путин.

Шефот на ЦИА вели дека во овој момент е многу тешко да се каже дали Путин блефира, но дека американската разузнавачка заедница не видела практични докази дека рускиот претседател се приближува до употреба на нуклеарно оружје.

„Она што треба да го направиме е да го сфатиме многу сериозно и да внимаваме на знаците зза вистински подготовки. Креаторите на политиката, исто така, треба многу директно да соопштат какви сериозни последици ќе произлезат од каква било употреба на нуклеарно оружје“, изјави Барнс за Си-би-ес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…