Директорот на „Шутка“: Осомничените за убиството на Вања и Панче „ги мешаат брзините“

t

Новиот директор на затворот „Скопје“ (попознат како „Шутка), Бобан Утковски информира дека веќе ги посетил сите лица, меѓу кои и Љупчо Палевски, осомничени за двојното убиство кое ја потресе домашната, но и регионалната јавност. Истакнува дека нивните барања не остапуваат од барањата на другите затвореници.

Сепак, посочува дека „ги мешаат брзините“…

-Јас ги прашувам за техничкиот дел – дали сте задоволни од храна, од луѓето како се однесуваат со вас… тие ја водат работата кон делото, за нивните чувства, емоции, а јас не би сакал да разговарам за тоа. Сите се одвоени и сам по сам. Условите им се коректни и добиваат храна на време, како и останатите. Досега само фамилиите ги посетуваат, по барање од судот кој издава дозвола. Од половина час до час и нешто – тоа одредува судијата колку ќе се видат. Не се жалат за здравствената состојба, изјави Утковски во емисијата „За или против“.

Според Утковски, има одредено едно или две лица од семејствата кои можат да им носат храна на посочените затвореници.

Љупчо Палевски со прекар Палчо, е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска на 27 ноември и Панче Жежовски на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес. Палевски избега, но на 5 декември 2023 година беше уапсен во Турција, а на 15 мај беше екстрадиран за истрага за кривични дела Грабнување и Убиство, која ја води Скопското обвинителство.

На 25 април, Врховниот суд му ја преиначи мерката притвор во куќен притвор на таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.

Телата на двете жртви беа најдени на 3 декември откако дел од осомничените ги открија локациите каде се закопани. Покрај Палевски, за случајот осомничени се уште 4 лица, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања. Тој се гони за помагање во грабнувањето на неговата ќерка. Стефан Димковски, кој го возеше Палевски до Турција е осомничен за  помагање по извршеното кривично дело.

Судењето за убиствата на Вања и Панче започнува на 4-ти септември годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…

„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…

Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…