Директорот не се напи од водата, но ќе одговара: ОЈО Куманово оформи предмет за Крива река!

Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека веќе е оформен предмет за Крива река и наводите на општината дека е загадена по хаваријата во рудникот Тораница. Сепак, од обвинителството информираат дека кај нив пријава сè уште не е пристигната од општината.
– Досега кривична пријава од општината Крива Паланка не е пристигната, меѓутоа обвинителството веќе постапува. Оформен е предмет ОЈО ги повика инспекторите за животна средина, коишто презеле дејствија на контрола. Тие доставија извештај од своето постапување до обвинителството. ОЈО продолжува да се преземаат и други дејствија, издадени се наредби и вештачења – информираа за МИА, од ОЈО Куманово.
Денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски презентираше нови анализи со кои тврди дека водата во реката е сериозно загадена. Вчера на прес-конференција менаџментот на компанијата „Булмак 2016“ негираше дека техничкиот проблем што настанал во рудникот Тораница не предизвикал загадување на Крива река.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директорот не се напи од водата, но…
Основното јавно обвинителство Куманово денеска информираше дека…
Мојсоска до Мицкоски: Истражете си ги криминалите…
Пратеничките прашања (како контролен механизам на опозицијата)…
(Видео) Апасиев ќе поднесе кривична пријава за…
Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на…
ОЈО Куманово оформува предмет хаваријата во Булмак…
Основното јавно обвинителство во Куманово денеска објави…
(Видео) Уште едно истражување покажува енормна загаденост…
Врз основа на анализата направена од Институтот…