Директорот со мобинг наредувал да се пуштаат затвореници на слобода кога и да им текне

t

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична приjава против Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

Како што објаснуваат, пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица”, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т..

Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот. Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, открива МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот со мобинг наредувал да се пуштаат…

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица…

Пет пожари на отворено низ државава изминатото…

Пет пожари на отворен простор низ државава…

Ако падне Покровск, Украина губи половина од…

Украина може да загуби половина од производството…

Мицкоски – Орбан: Со години наназад, политичките…

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово имаше куса…

Блинкен со повик до Израел: Натамошната ескалација…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порача…