Директор на училиште со закани ги терал вработените да одат на митинзи
Директор на основно училиште преку мобилна апликација им вршел притисок на вработени да присуствуваат на партиски настани и им се заканувал на тие кои биле со договор на дело дека нема да им ги продолжи договорите доколку не присуствуваат на партиските настани. Овој случај го обелодени Државната комисија за спречување на корупцијата, но не кажа ниту за кое училиште, ниту за која партија станува збор.
ДКСК пријавата веќе ја доставило до надлежната комисија за следење на нерегуларностите во текот на изборите до Јавното обвинителство.
Членовите ги прекинаа предметите за прекршување на Изборниот законик од страна на раководството на Правниот факултет во Скопје, бидејќи Факултетот донел одлука за утврдување потреба од вработување на 12 асистенти. ДКСК доставила барање до Факултетот за доставување на документација за наводите во пријавата, при што е утврдено дека на седница на Деканската управа на 30 септември е донесен заклучок да се одложи точката за утврдување на потребата за нов наставен кадар и истата да е одложена до крајот на ноември, односно почетокот на декември. Заменик претседателката на ДКСК, Цвета Ристова нагласи дека имајќи предвид дека точката е тргната од дневен ред и дека не е почната постапка за вработување нови лица нема потврда за прекршување на Изборниот законик, поради што членовите на ДКСК гласаа за прекин на предметот.
Членовите на ДКСК меѓу другото расправаа и за пријава за законски прекршувања на изборниот процес и на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, односно дека по распишување на избори деканот го свикал Научно – наставниот совет и бил извршен избор на тројца продекани.
Софија Спасова Медарска, членка на ДКСК, образложи дека по разладувањето на пријавата ДКСК констатирала дека истата не укажува на постапување спротивно на забраните содржани во Изборниот законик бидејќи не станува збор за постапка за вработување на нови лица или за прекин на работен однос, туку за избор на продекани, што се врши со тајно гласање од редот на вработените. Поради тоа и оваа постапка е прекината.
Report Ad
Членовите на ДКСК расправаа и по пријава поднесена против министерката за образование, како и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади и градоначалник за нарушување на изборната регулатива со посетата на ресурсен центар на средно училиште во Скопје на 1 октомври 2025, при што им доделиле училишни униформи и ранци на учениците. ДКСК констатира дека тие постапувале во својство на претставници на органите, со кои раководат, при што не биле прикажани партиски симболи или други материјали кои би укажувале на прекршување на Изборниот законик. ДКСК заклучи дека нема елементи за натамошно постапување.
Пред членовите на ДКСК се најде и пријава против јавен обвинител во Основно јавно обвинителство. Билјана Каракашова Шулев наведе дека познат подносител поднел пријава против работењето на обвинителот, по кривична пријава за случај за сеча на шуми, а кој е поврзан со подружница на Јавното претпријатие за Национални шуми. Според пријавата обвинителот и покрај сите наведени докази постапил несовесно и покренал постапка само против физичко лице, а не и против вработени во Јавното претпријатие. ДКСК констатира дека за својата работа обвинителот согласно законите одговара пред Јавното обвинителство на РСМ, поради што и пријавата ќе се достави до Обвинителството.
Членовите расправаа и за случај со градоначалник, кој е пријавен дека нему блиско правно лице гради без одобрение за градба на наведени катастарски парцели. Пријавата е доставена и до Обвинителството во Струмица. ДКСК за утврдување на фактичката состојба побарала информации од Обвинителството, при што им било укажано дека е оформен предмет со наводи за кривично дело „злоупотреба на службена должност и овластувања“, а постапката е во фаза на прибирање докази. ДКСК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Директор на училиште со закани ги терал…
Директор на основно училиште преку мобилна апликација…
Мицкоски: Судиите со два проценти рејтинг треба…
Судиите со два проценти рејтинг треба да…
Алиу лично е за токсиколошка проверка да…
Министерот за здравство Азир Алиу лично смета…
(Видео) Јакимовски ги разобличи: Прво гласаа против…
Прво гласаа против катните гаражи. Потоа држеа…
Почина Илија Темелковски
Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден…