Дијабетирачите добија терапија, но не и датум за состанок со Министерството за здравство

t

Дијабетирачите во Македонија ја добија терапијата која доцнеше подолго време, но датум за состанок со министерот за здравство уште не добија. Во изјава за МИА Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетирачи потврди дека е пуштена антидијабетната терапија и инсулинските игли, заедно со новите терапии. .

На 11 август од Министерството за здравство најавија состанок со претставници на Сојузот, но Велев вели дека очекува да ги повикаат секој момент.

Во меѓувреме, пуштаат антидијабетна терапија, заклучно со денеска комплет ја пуштаат цела, заедно со новите терапии, не само во систем, туку пуштени се реално. Тоа е работа на компаниите и на нивните ресурси за дистрибуција, очекуваме брза ефикасност, вели Велев.

Останува отворено прашањето за тоа што ќе се прави со промената на системот за глукомери и ленти.

Тендерот е потпишан и за неколку недели, во најбрз можен рок, се очекува да се донесат 40 илјади глукомери и 700 сензори за деца. Два сензора ќе бидат нови. Првпат во 30 години, државата воведува сензори за деца до 18 години. Секое дете до 18 години, слепи деца, како и оние со гестациски дијабетес ќе добиваат сензор. Тоа е промена. За седумстотини деца веќе нема да има боцкање на глукомер, туку ќе бидат со сензори, изјави Велев.

Вели дека бараат сите лица со тип еден, да добијат сензори.

Владата веќе најави 570 дополнителни нови сензори. Одлука нема формална, но се најавени. Нас нѐ интересира сега акцискиот план за превенција на дијабетес нѐ интересира за да може да почнеме со едукација. Имаме повеќе предизвици – протоколот да се смени што е изработен заедно со СЗО, претдијабетесот и дијабетесот да почнат да се третираат на примарно ниво, кај матичните доктори, а за инсулин, да се оди на терцијално ниво, на клиника. Другото да го работат матичните и дијабетолозите, појаснува Велев во изјавата.

Во однос на најавите за тужби поради доцнењето на терапијата, Велев рече дека е разговарано со адвокати како да се состават претставки до Министерството, додека се чека средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…