Дијана Хрка вознемирена по вознемирувачки повик до нејзиниот помлад син од скриен број
Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, денес не ѝ се обрати на јавноста.
Наместо неа, пред медиумите зборуваше нејзиниот пријател Велибор Микиќ, кој откри дека нејзината здравствена состојба се влошила откако нејзиниот помлад син примил вознемирувачки повик од лица што се претставиле како полициски службеници и побарале да ја прекине штрајкот со глад, пренесува Nova.rs.
Микиќ објасни дека Дијана, која штрајкува со глад веќе 12 дена, е стабилна, но длабоко потресена од вчерашниот настан. Непознати лица се јавиле од скриен, лажен број, претставувајќи се како полицајци и контактирале со нејзиниот син.
„Не можевме да потврдиме, подоцна се обидовме да провериме преку други извори, но не можевме да утврдиме ништо, бидејќи се работи за лажен број. Таа е особено вознемирена затоа што сега е вмешан нејзиниот син. Лицата барале тој да влијае врз неа да ја промени одлуката и да го прекине штрајкот. Тој го доживеа тоа како вознемирување, а таа со тешкотија се смири“, изјави Микиќ.
Според Микиќ, Дијана Хрка останува решена да продолжи со штрајкот. Дури и лекарите од приватна клиника синоќа ја повикале да се повлече од штрајкот, но таа одбила.
Поради вознемирувањето на нејзиниот син, Хрка побарала од полицијата да утврди кој стои зад повикот. Граѓаните кои секојдневно ѝ даваат поддршка го поддржуваат нејзиното барање и повикуваат на итна и темелна истрага на целиот случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дијана Хрка вознемирена по вознемирувачки повик до…
Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан…
Средба на Макрон и Вучиќ во Париз
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва пристигна во…
Хрка се врати од болница – примила…
Дијана Хрка, мајката на една од 16-те…
Дијана Хрка: Навикната сум да бидам повеќе…
Дијана Хрка, чиј син Стефан е една…
Вучиќ: Не го продаваме просторот каде што…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…