ДКСК донела одлука: Наскоро ќе знаеме дали заменик-директорката на АР исполнува услови за извршување на функцијата

Пред четири дена, на 21 февруари, Државната комисија за спречување на корупцијата одржала седница на која се расправало за тоа дали заменик-директорката на Агенцијата за разузнавање, Ивана Стојановска, ги исполнува критериумите за да ја извршува функцијата. Одлуката е донесена и се очекува да биде објавена во наредните денови.
„По однос на наведениот предмет донесена е одлука на 15-та седница одржана на 21.02.2025 година. Со оглед на фактот што предметот содржи класифицирани информации, по однос на расправата и одлучувањето на истиот седницата беше затворена за јавноста, согласно со член 22 став 4 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Одлукатата, без класифицираните информации, ќе биде објавена на ВЕБ страницата на ДКСК, во рок од 5 дена од денот на донесувањето“, велат од Антикорупциска.
Доколку се покаже дека Стојановска не ги исполнува законските услови за да биде заменик директорка на Агенцијата за разузнавање, Антикорупциска има право да поведе постапка против лицето што ја именувало, поточно шефот на државата.
Се сомнева дека Стојановска не ги исполнува критериумите во делот што ги предвидува потребните години работен стаж.
Во членот 9 од Законот за Агенцијата за разузнавање, услов за заменик директор е кандидатот да има најмалку десет години работно искуство од областа на безбедноста, одбраната или надворешната политика, од кои пет години на раководно место во Агенцијата.
Пред неколку месеци, кога ТВ21 упати прашање до кабинетот на претседателката за ова, во одговорот што ни го испратија со биографијата на Стојановска, во 10-годишното работно искуство што се бара, беа пресметани и годините кога таа била ангажирана на универзитетите, како соработник и дел од академско-истражувачкиот кадар.
Инаку во оваа институција, во последните 20 години една од позициите директор или заменик директор беше резервирана за албански кадри, со доаѓањето на Силјановска на двете позиции раководат припадници на македонската заедница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
ДКСК казни 86 поранешни и актуелни функционери,…
Државната комисија за спречување на корупција објави список со…
ДКСК донела одлука: Наскоро ќе знаеме дали…
Пред четири дена, на 21 февруари, Државната…
(Видео) Ивановска: Актуелниот состав на ДКСК имаше…
Актуелниот состав на Државната комисија за спречување…
СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за…
Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос…