ДКСК и ОЈО ГОКК ја потврдија законитоста на тендерската процедура за приспособувањето на СРЦ „Борис Трајковски“ за Самитот на ОБСЕ

t

Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) и Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал излезе со конечен став за реконструкција на салата „Борис Трајковски” за целите на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје кој гласи дека „процесот беше во согласност со нашите закони, испочитувани се највисоките стандарди за фер оценување и без корупција“, вели министерот за надворешни работи во оставка Бујар Османи.

Овој процес, посочува Османи во објава на Фејсбук, за жал нѐ обремени со многу обвинувања, поттикнувајќи нѐ да ја бараме правдата и вистината.

„Изборот на компанијата за приспособување на спортскиот центар, иако критикуван и обележан со обвинувања за фаворизирање, на мое барање беше темелно испитан од нашите правни институции – Јавното обвинителство и ДКСК. Заклучокот стигна од двете институции и тој е јасен и недвосмислен: процесот беше во согласност со нашите закони, испочитувани се највисоките стандарди за фер оценување и без корупција. Во текот на овој период, се соочив со бура од негативни реакции и неосновани обвинувања. Не само што мојот интегритет беше ставен под сомнение, туку овој настан фрли сенка врз меѓународниот имиџ на нашата земја“, нагласува Османи на Фејсбук.

Сепак, посочува Османи, избрав транспарентност пред молк, одговорност пред одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…