Дневен хороскоп за недела, 5-ти февруари 2023-та

t

ОВЕН

Романтиката цути за припадниците на овој знак, но за да настапи доброто во вашиот живот, можеби ќе треба прво да решите некои работи. Полната Месечина во вашиот сектор на креативност и задоволство ве поканува да се ослободите од она што не ви одговара и да се фокусирате на она што ви носи најмногу радост и исполнување.

БИК

Семејните обврски можат да ви го попречат напредокот. Затоа денешната полна Месечина во домот и семејниот сектор ве повикува да одвоите малку време за да запрете на момент и да размислите за вашите корени. Ова е одличен ден да минете време дома критички размислувајќи кои чекори треба да ги преземете за да направите важни лични промени во вашиот живот.

БЛИЗНАЦИ

Потребен е добар разговор за да се расчисти воздухот, а денешната полна Месечина е посебна покана да го направите тој прв чекор. Вие ќе бидете иницијатор да отворите тема за која можеби нема да ви биде удобно да разговарате. Меѓутоа, штом ќе го скршите мразот и ќе почнете да се отворате, ќе почувствувате како тежината да ви е симната од рамениците.

РАК

Трошоци? Какви трошоци? Ова е големото прашање за вас додека се стремите кон самодоверба и независност. Денешната позиција на Месечината го прогонува старото и ви овозможува да ја замените старата енергија со нова.

ЛАВ

Полната Месечина во вашиот знак го привлекува вниманието кон вас. Неколку работи може да ја попречат вашата способност да бидете автентични пред другите. Време е да бидете свои и да престанете да се грижите за тоа што другите ќе мислат за вас кога ќе покажете кои сте и какви навистина.

ДЕВИЦА

Оваа полна Месечина е посебна за вас, бидејќи ви овозможува да се соочите со фактите за клучната врска за која некогаш мислевте дека е добра за вас, но сега сфатќате дека не е. Работевте напорно за да се обидете да ги натерат нештата да профункционираат, но подобро е да се помирите со она што го чувствувате и да започнете да преземате чекори за да имате искрен разговор за проблемите што ги воочувате.

ВАГА

Пријателите доаѓаат и си одат и понекогаш тоа е болно, но денеска можеби ќе се чувствувате задоволни што настапува промена. Поглавје од партнерството завршува, но за вас се отвора нова порта. Продолжуваш понатаму.

ШКОРПИЈА

Неколку работи се случуваат во вашата кариера и јавното прикажување на вашата личност. Ова е време да ги ажурирате вашите профилои на социјалните медиуми, да ги исчистите старите фотографии кои се матни или не толку ласкави и да започнете одново да ја градите вашата слика онака како што сакате да таа да изгледа.

СТРЕЛЕЦ

Вие сте многу духовита личност, но дури и самите знаете кога нешто не е толку точно како што треба. Вашата етика влегува во игра и можете да пишувате писма до медиумите или да се обидете да контактирате со некого за да споделите конструктивна критика.

ЈАРЕЦ

Кога некоја тајна ќе излезе на виделина, таа ја губи својата моќ а токму тоа го носи оваа полна Месечина во вашиот живот. Подготвени сте да ја исчистите енергијата и да ги отстраните сите пречки за вашата иднина со тоа што ќе се помирите со минатото. Повеќе нема да дозволите ништо да ве спречува.

ВОДОЛИЈА

Денешниот ден е посветен на завршување на љубовта и врските. Ако во последно време поради некоја причина размислувате за поранешниот партнер, време е да преземете неколку чекори за да се ослободите од работите што ве потсетуваат на неговото име, вклучувајќи ги и сликите во телефонот и на социјалните мрежи. Раскинувањето е слатка тага, па дури и ако некогаш сте сакале и сте изгубиле, подготвени сте да заздравите и да продолжите натаму.

РИБИ

Има неколку отворени прашања што треба да ги решите. Иако можеби без да чувсвувате вина сте одолговлекувале, сега сте подготвени или да завршите недовршени проекти, да се справите со важни задолженија или рано да започнете со пролетно чистење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ребалансот на пленарна седница во понеделник, ни…

Собранието за понеделник ја закажа седницата на…

ДУИ: Стравот од целосен ветинг не се…

Демократската унија за интеграции бара веднаш да…

Спречена е трагедија, заканата за концертите на…

Заканата од терористички напади на концертите на…

Сирак од 12 години, со маки аргатувал…

Марко Деспотоски е роден на 28 септември…

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…