Објавено на:

Дневен ХОРОСКОП за ПОНЕДЕЛНИК (11 април 2022)

t

Бикот е на прагот на нова љубовна врска, лавот е во турбулентен партнерски однос, стрелецот размислува за старата љубов, а рибите ќе запознаат сродна душа.

Овен

Ќе ви се укаже можност за проширување на кругот на соработници и за остварување поголем профит. Ќе успеете да ја надминете емотивната криза. Слободните нема да му одолеат на упорниот додворувач. Минлива нервоза.

Бик

Новите деловни проекти ќе ви укажат можност за долгорочна соработка со партнери од странство. Ќе уживате во романтичните мигови со партнерот. Слободните се на прагот на нова врска. Гавоболка.

Близнаци

Вашиот елан за работа ќе биде низок, па тоа ќе се одрази и врз конечниот резултат. Честите критики ќе создадат бездна меѓу партнерите, а слободните ќе флертуваат. Посетете го стоматологот.

Рак

Вашиот сомнеж за потенцијалните деловни соработници е неоснован. Емотивните врски ќе функционираат со поголем жар. Во животот на слободните повторно ќе се замеша личност од минатото. Болки во стомакот.

Лав

Несогласувањата меѓу вас и соработниците ќе претставуваат сопирачка во работата. Емотивните врски ќе бидат турбулентни. Слободните се расположени за нови познанства. Одлично здравје.

Девица

Новата деловна понуда ќе ве направи неодлучни. Не сакате да менувате нешто, но ризикот би ви се исплатил. Емотивните партнери ќе се одлучат за чекор повеќе. Несекојдневна авантура за слободните. Болки во грбот.

Терезија

Расположени сте да ги прифатите новите деловни методи и стратегии, што ќе резултира со успех. Емотивните врски солидно ќе функционираат, а слободните се во потрага по љубовта. Несоница.

Скорпија

Вложениот труд конечно ќе ви се исплати. Мали недоразбирања би можеле да внесат немир во врската. Слободните се затворени во сопствениот свет. Проблеми со синусите.

Стрелец

Вашата работа ќе биде вреднувана, што дополнително ќе ве мотивира. Ќе ви се укаже можност за дополнителна заработка. Заедничкото патување ќе го зацврсти односот меѓу партнерите. Слободните ќе размислуваат за стара љубов. Покачен притисок.

Јарец

Ќе бидете тактични во односот со надредените и ќе успеете да се изборите за подобра деловна позиција. Емотивниот партнер нема да биде задоволен од состојбата во врската, но тоа нема да го манифестира. Слободните ќе запловат во динамична врска. Алергии.

Водолија

Ќе успеете да ги постигнете целите кон кои одамна тежнеете. Емотивните врски нема да функционираат совршено, но ќе успеат да се одржат. Слободните ќе сретнат личност што ќе ги заинтригира. Проблеми со варењето.

Риби

Ве очекува голем напредок во работата. Во емотивната врска е нестабилно, но кон крајот на месецот може да очекувате подобрување на односот со партнерот. Слободните конечно ќе запознаат сродна душа. Можни се ревматски тегоби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дневен хороскоп за 27 јуни

Овен Една информација ќе ја промени вашата…

Дневен хороскоп: Еден знак ќе се најде…

Овен Вашата деловна страна овојпат може да…

Хороскоп: Девицата ќе подобри финансиска ситуација, на…

ОВЕН Овој период ви дава можност да…

Многу се позитивни но сепак имаат една…

Има неколку интересни факти за луѓето родени…

Следниот викенд повторно продолжен

По продолжениот викенд поради православниот празник Велигден,…