Дневен хороскоп за 13 март
Овен
Задоцнета готовинска исплата може да одложи важни чекори во вашиот деловен план. Сепак, успешно ќе го надминете овој проблем. Романтична љубовна средба, со личност која неодамна сте ја запознале, ќе го обои овој ден со прекрасни бои на пролетната љубов. Внимавајте, ќе имате проблеми со забите.
Бик
И покрај тоа што не ви се допаѓа променливата деловна ситуација, овој период ќе ви донесе токму таков предизвик. Несогласувањата со партнерот и вашата нервоза можат да придонесат за негативна атмосфера, полна со напнатост. Заедничкиот разговор ќе го реши тој проблем. Совет – движете се повеќе.
Близнаци
Ве очекува многу успешен работен ден. Ќе ја сумирате изминатата недела и ќе имате многу причини да бидете задоволни. Деловните обврски ве оддалечија од партнерот и навистина немавте време да му се посветите. Оваа вечер конечно ви носи повеќе слободно време, поминато со партнерот. Напијте се нешто против главоболка.
Рак
Денес ќе направите сѐ. Успешно ќе завршите важен дел од работата, а единствен проблем со кој би се соочиле е проблематичен соработник. Уживате во убав и хармоничен период со партнерот. Раковите кои се во врска планираат основање семејство или негово проширување. Некои од Раковите ќе имаат тешкотии со дишењето.
Лав
Денес е одличен ден за вашите финансии бидејќи најверојатно ќе ви пристигнат некои пари порано од очекуваното. Овој ден ќе ви донесе многу успех, особено ако се занимавате со градежништво и недвижнини. Можете да го подобрите односот со вашиот партнер, само треба да му посветите малку повеќе време. Одвојте дел од денот за одмор.
Девица
Ќе добиете нови понуди за работа кои би можеле да навестат голема пресвртница во вашата кариера. Можеби ќе ви излезе ненадејно службено патување. Овој ден е совршен за решавање семејни проблеми. Ќе имате чувствително грло.
Вага
Ќе направите мал преглед на деловните настани од минатата недела. Ќе бидете задоволни сте со постигнатиот успех, а добивте и пофалби од претпоставените. Потребата за љубов ви е зголемена и чувствувате дека ви треба многу повеќе внимание и нежност. Генерално, ќе се чувствувате добро.
Шкорпија
Денеска ќе се најдете во ситуација да импровизирате на работа, па најдобро би било да се консултирате со поискусен колега. Можеби не сте подготвени да направите посериозен чекор во врската, па затоа слободно известете го и вашиот партнер за да не дојде до недоразбирање. Облечете се добро за да не настинете.
Стрелец
Денешниот ден ќе го обележи соработка со странска компанија или деловно патување во странство. Некој стар и нерешен проблем со вашиот партнер повторно станува актуелен. Денешниот ден можеби ќе биде исполнет со љубоморни сцени и кавги, но сето тоа ќе заврши со голема страст меѓу вас. Посетете оториноларинголог, можеби ќе имате проблеми со носот.
Јарец
Бидете внимателни во комуникацијата со деловните партнери, постои голема можност за недоразбирања и превиди. Еден погрешен збор може да ве одведе на погрешен пат. Може да се случи само да помислите дека сте ја нашле својата сродна душа, а таа личност да ве разочара. Ќе бидете во лошо расположение.
Водолија
Денешниот ден ќе ви биде исполнет со договори и преговори. Посветете го овој ден на осмислување нов стратешки план за следната работна недела и подгответе резервен план. Слободната Водолија ја очекува романтично излегување со Лав или со Вага. Исто како и Близнаците, така и вие ќе чувствувате главоболка.
Риба
Внимавајте на деталите кога соработувате со новите соработници, денес постои одредена доза на ризик. Ситуацијата на деловен план ќе биде променлива и можни се разни изненадувања. Различните поглед на вашата врска може да доведат до несогласувања меѓу вас и вашиот партнер. Ќе имате чувствителен стомак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дневен хороскоп за 27 јуни
Овен Една информација ќе ја промени вашата…
Дневен хороскоп: Еден знак ќе се најде…
Овен Вашата деловна страна овојпат може да…
Хороскоп: Девицата ќе подобри финансиска ситуација, на…
ОВЕН Овој период ви дава можност да…
Многу се позитивни но сепак имаат една…
Има неколку интересни факти за луѓето родени…
Следниот викенд повторно продолжен
По продолжениот викенд поради православниот празник Велигден,…