Дневен хороскоп за 5 март: Прифатете го она што го добивате
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 5 март, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.
Ќе добиете погрешни информации, па вашите прогнози за деловните случувања ќе ви бидат збунувачки. Прифатете ја добронамерната критика од колегите. Партнерот ќе се обиде да ви помогне или да ве расположи. Љубовната средба ќе стане вашиот најубав дел од денот. Уживајте.
Скорпија
Направете сè што е потребно за да ја оправдате вашата улога во деловната соработка, покажете поголемо чувство за одговорност во работењето. Саканата личност индиректно ќе се обиде да влијае на една ваша одлука, но нема причина да се сомневате во неговите искрени намери.
Стрелец
Ќе ве привлекуваат големи предизвици или можност да ги тестирате своите способности под необични услови. Не сакате да пропуштите ненадејна можност за емотивно поврзување. Одговорете на нечии „сигнали“ или љубовна порака. Во одлична психофизичка форма сте.
Јарец
Бидете мудри, важно е да го вклопите вашиот успех во воспоставените стандарди. Нема потреба да го привлекувате вниманието во периодот што следи. Ќе бидете расположени за нови емотивни предизвици и забава, а партнерот со голем ентузијазам ќе ги прифати вашите идеи.
Водолија
Во последно време, вие ги оценувате работите врз основа на нивната практична примена или нивната употреблива вредност. Денеска тргнете го на страна разумот и следете го вашиот „внатрешен глас“ и ритамот на вашите чувства. Нема да се покаете, напротив, ќе бидете многу среќни.
Риби
Денеска ќе се грижите да се однесувате како перфекционист кој држи сè под строга контрола. Но, не дозволувајте да прегорите – здравјето е најважно. Ќе ви биде потребен момент на инспирација, со цел да предизвикате лавина од нечии чувства и да почувствувате интимна среќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Одеса беше прогласена воздушна тревога, по…
Во Одеса попладнево беше објавено воздушно предупредување,…
Талески: Има одговорност кај Гаши, но ВМРО-ДПМНЕ…
Во овој краток период откако оваа влада…
12-годишно момче во Косово нашло 2.500 евра…
Дванаесетгодишно момче во Скендерај во полициска станица…
Иран: Не летајте низ нашиот воздушен простор
Иран ги советуваше цивилните авиокомпании ширум светот…
Голем инцидент во затворот во Шутка: Претепани…
Како што дознавам Инфомакс денеска во затворот…