Дневните цени на храната во просек поскапеле за 20,3 отсто
„Речиси две третини од анкетираните трошат помалку пари поради инфлацијата, а дополнителни 20 отсто веруваат дека во иднина ќе мора да ги намалат трошоците “, објави претседателката на ВЗБВ, Рамона Поп.
Најголемо мнозинство, 61 отсто од нив, штедат при купување намирници, а 56 отсто штедат при купување облека и обувки. Поради растот на малопродажните цени, една третина од анкетираните помалку користат сопствен автомобил. Една третина од испитаниците изјавиле дека помалку летаат поради поскапувањето.
Инфлацијата во октомври изнесувала 10,4 отсто, а на рекордната инфлација најмногу влијаел растот на цените на енергенсите. Дневните цени на храната во просек поскапеле за 20,3 отсто. Во однос на октомври лани, најмногу поскапеле маслото за јадење (49,7 отсто), млечните производи и јајцата (28,9 отсто), лебот и житарките (19,8 отсто).
Најголем скок на цените во енергетскиот сектор е забележан природниот гас кој е за 109,8 отсто поскап од истиот период лани. Горивото за автомобили во просек е поскапо за 22,3 отсто. Во исто време, истражувањето на VZBV покажало дека потрошувачите се подготвени да ги променат своите навики за купување, доколку тоа ќе придонесе за забавување на климатските промени.
Се покажало и дека 75 отсто од испитаниците се подготвени подолго да ја носат постојната облека наместо да купуваат нова. 45 отсто од нив се изјасниле дека би се откажале од купување на нови електронски уреди доколку старите би можеле да се поправат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…